Министерството за здравство соопштија дека кај пациентденес е добиен позитивен изолат на бактеријата листерија (listeria monocytogenes ) која е причинител за менингоенцефалит.
Станува збор за пациент на возраст од 46 години од Неготино, кој бил хоспитализиран на Инфективната клиника на 3 август со гастроентероколит и бронхопневмонија, кој се наоѓа во тешка здравствена состојба и веднаш е поставен на вештачко дишење. Поради клиничката слика започнато е и со пеницилинска терапија, а во лекувањето дополнително се вклучени и доктори-анестезиолози од КАРИЛ.
“Имајќи ја во предвид должината на инкубација на ова заболување, веројатноста за инфицирањеto кај овој пациент е во периодот од 1 јуни до крајот на јули оваа година” се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Во тек е спроведување на проширени епидемиолошки анкети од епидемиолози од Центарот за јавно здравје-Велес, во однос на претходни заболувања, консумација на храна и други потребни податоци за можна поврзаност со храна.
На изолатот на листерија ќе се направи генотипизација заради утврдување на поврзаност на овој случај со останатите лица, а исто така е побарано и потврдување на позитивниот изолат од страна на микробиолошката лабораторија од Институтот за јавно здравје-Скопје.