Во Собранието влезе новиот закон за зеленило во кој меѓудругото се воведува глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност за физичко лице, во мандатна постапка со издавање на мандатен платен налог, ако на зеленило за јавна употреба врши:
-собирање на цветови од дрвјата;
-закачување на рекламни паноа и натписи и лепење плакати на дрвја;
-фрлање и оставање отпадоци во зеленилото;
-чување и напасување добиток и живина на зеленило и
-уринирање и дефекација на домашни миленици на зеленило.
Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице, во мандатна постапка со издавање на мандатен платен налог, ако на зеленило за јавна употреба врши:
-корнење, сечење и кастрење дрвја, грмушки и жива ограда;
-соголување и засекување на стебла на дрва;
-уништување на тревници преку отстранување на земја;
-откривање и оштетување на корења на дрва и садници;
-откорнување цветни и тревни бусени;
-палење оган на тревни површини и палење стебла;
-оставање градежен материјал и шут на зеленило;
-паркирање на возила и нивно миење на зеленило
-истурање нечиста вода и други течности на зеленило кои го загадуваат и оштетуваат зеленилото.