Нова болест – анорексија + алкохол = „алкорексија“



Деновиве низ британските емисии се појави млада девојка која што го опиша нејзиниот неверојатен режим на исхрана.

Станува збор за осумнаесетгодишната Накара Жак, која што по цела недела, од страв да не „качи“ некое кило повеќе, на своја рака го изгладнувала својот организам. Битанските медиуми нејзината состојба ја прекрстија во анорексија. Единствено со алкохолот, Накара во последните две и пол години успеала да се одржи во живот. Признава дека единствена работа на која што не се штедела бил алкохолот, а нејзини омилени пијалоци биле пин сајдер и водка. И двата пијалока ги конзумирала на празен стомак. Еве го и нејзиниот неделен режим на исхрана:

„Во неделата и понеделникот, не јадам ништо. Во вторникот ќе пробам „неколку парчиња лубеница и малку јагоди“, потоа два крекера намачкани со тенок слој на путер и неколку филџани силен чај со малку млеко. Средата секогаш имам чувство дека сум презаситена, па пред да излезам во град на пијалок, повторно земам неколку парчиња лубеница“, изјави Накара.

Накара тежи 42 килограми. За време на двеипол годишната „диета“ косата почнала да и паѓа, а циклусот и прекинал. Таа пати од синдромот карактеристичен за анорексија, а леакрските експертизи говорат дека ако продолжи со ваквиот начин на живеење, и преостануваат уште само две години живот.

На гостувањето во британската емисија, Накара изјавила дека во моментов е на боледување и признава дека и е потребна помош, но исто така пренесува дека во Британија не постои група за поддршка на луѓе како нејзе.
„Постојано сум во посета на лекари, но луѓето како мене немаат каде да се упатат. Не постои институција каде што би се обратиле за помош“, изјавила Накара за време на интевјуто.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1