Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објавуви прислушувани материјали за кои тврди се открива вистината за убиството на 21-годишниот Мартин Нешкоски, кое се случи на денот на изборната победа на парламентарните избори на ВМРО-ДПМНЕ пред четири години.
Денеска граѓаните ќе слушнат кој и зошто сакаше да ја убие вистината за згаснувањето на еден млад живот, животот на Мартин Нешковски, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот на денешната прес конференција. За еден месец навршуваат 4 години откако 21-годишниот Мартин Нешковски беше убиен од страна на полициски службеник, додека ВМРО ДПМНЕ славеше на плоштадот во центарот на Скопје. Овој случај, додаде тој, отвори многу прашања кои сеуште не се затворени- зошто МВР со денови молчеше и го прикриваше убиството, зошто одговорноста за убиството се сведе индивидуално, само на еден човек, зошто никој не понесе командна или политичка одговорност. Денеска јавноста ќе дознае се во врска со овој случај.
Од аудио доказите што ќе ги објавиме ќе слушнете признание од Сашо Мијалков дека убиството на Мартин Нешковски го извршил полицаецот Игор Спасов додека бил на должност, а не физичкото лице Игор Спасов, истакна Заев на почетокот на објавувањето на 29-та таканаречена бомба на опозицијата.
ВИДЕО НА СЛЕДНИОТ – ЛИНК