Денеска во штабот на СДСМ беа објавени аудиоснимки од прислушувани разговори на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ од кои се гледа како се договара местење на милионски тендери, како се наплаќа провизијата и како парите, односно „документите“, „материјалчињата“ завршуваат во партиската каса.
Од разговорите главно се работи за местење тендери на ЕЛЕМ што се со милионска вредност и начинот на исплата на провизија за потребите на ВМРО-ДПМНЕ.
Од разговорите меѓу Сашо Мијалков и Муса Џафери се гледа како се интервенира по молба на Џафери да се ослободи некоја запленета стока. За ова интервенирал директно Мијалков.
„Се гледа како се испумпувале пари кои потоа завршувале во ВМРО-ДПМНЕ. И кој нарачал нов мерцедес од 600.000 евра“, најави Заев.
Од разговорот меѓу Никола Тодоров и Гордана Јанкулоска се гледа проблемите на Министерството за здравство со реконструкцијата на охридската болница и каде завршиле 400 илјади евра за кои стоел потписот на Бујар Османи, претходниот министер за здравство Бујар Османи, член на ДУИ.
Видео на следниот ЛИНК