Француската полиција обиколи хотелот на југот од земјата откако добила информација дека внатре се наоѓа вооружен човек, пренесуваат локалните медиуми.
Хотелот е евакуиран, а повеќе детали и мотивите не се познати.
Како што пренесува РТ, полицијата го забранила пристапот кон хотелот во радиус од 250 метри, а на лице место се наоѓаат екипи на итна помош и противпожарни возила.