Девојка од Панчево паднала во кома по конзумирање „растителен темјан“.
На Военомедицинската академија во Белград од почетокот на годината биле примени 26 млади лица поради истата дрога, јавуваат српските медиуми.
-Синоќа на ВМА пристигна и 26-иот пациент кој беше хоспитализиран поради последици од користењето на новите дроги. Станува збор за девојка од Панчево, која била во кома, изјавил за РТС потполковник Д-р. Миодраг Јовановиќ од Националниот центар за контрола на труење на Военомедицинските академија.
Тој појаснил дека она што се нарекува „растителен темјан“ нема врска со вистинскиот темјан што се користи во црквите.
-Тоа е колоквијален назив кој е погрешен, а се работи за мешавина од различни треви што порано се користеле за изработка на миризливи стапчиња, но сега се прскани со средства што на организмот делуваат слично како канабис, но многу посилно, рекол Јовановиќ.
Додава дека опасноста е голема затоа што не се знае што точно содржи мешавината и во кои размери и нагласува дека сите треба да се вклучат во спречувањето на злоупотребата на новите дроги.
– Ние сме тука за да помогнеме кога ќе дојде до нескаани последици, но родителите мораат да ги контролираат децата, порачува тој.
Младите кои побарале лекарска помош се пожалиле на вртоглавица, брзо чукање на срцето, а имале и покачен крвен притисок.
Опасниот „растителен темјан“ кој е нов нарко хит во Србија, кој наводно се увезува од Хрватска, предзивикува и треоперење, мачнина, губење на свеста, повраќање и неможност за одење.