Нова песна на Некст Тајм: „Јовка Кумановка“


Браќата Мартин и Стефан Филиповски, кои досега преработија три стари македонски песни, кои веднаш стекнаа милионски прегледи, го најавија новиот проект.

Станува збор за нова верзија на песната „Прошета се Јовка Кумановка“. Видеоспотот и песната ќе бидат промовирани на празникот 11 Октомври во НУЦК „Трајко Прокопиев” во Куманово.

Горди сме што со оваа обработка заедно ќе заокружиме 500 години Куманово и веруваме дека Македонија повторно ќе ужива во уште една наша обработка!!!

Очекувајте нè !!!, порачаа „Некст тајм“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1