Осумгодишно дете, кое ја преминувало улицата „Јане Сандански“ во централното подрачје на Тетово, се здобило со тешки повреди и по укажаната помош во тетовската болница, итно било пренесено во скопските клиники, пишува Утрински весник.
Детенцето било прегазено од Џип „ландровер“, со скопски таблички, што го управувал 33-годишната тетовка Е.А.