Кога ќе прочитате дека постои нова социјална мрежа која има 20 милиони активни корисница, а многу малку луѓе знаат за неа, ќе останете вчудоневидени. На оваа друштвена мрежа има верни корисници кои докажуваат колку е таа посебна, на задоволство на директорката Рејн Еделин.
– Никогаш не бараме ништо од никого. Затоа и за толку малку време имаме толку следбеници. Луѓето наоѓаат начин да кажат дека “We heart it” е нивен омилен сервис.
Ако не сте знаеле ништо за оваа социјална мрежа, постои добра причина. Компанијата не дала ниту едно соопштение до медиумите се до пред некој месец кога сподели дека има 20 милиони активни корисници.
Како што луѓето се почесто го напуштаат Фејсбук, оваа мрежа се надева дека ќе преминат кај нив.
Наместо профилната страна оваа мрежаа има “Canvas” i “Collections”, а фотографиите се пренесуваат автоматски. Коментарите не се секогаш дозволени за да се спречи некој да ни досадува и да не малтретира.
Оригиналната верзија настанала во 2007 година, а функционира од 2011.