Нова тешка сообраќајка: Прегазено 7- годишно дете


Седумгодишно дете е прегазено  на улица „Ангел Мишев“ во Велес.

Како што соопшти Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, моторцикл марка „Линдгбен“ без регистерски ознаки, управуван од 18 годишен велешанец ,удрил во седум годишно дете кое ја преминувало улицата.mvr policija veles mk

По несреќата пешакот со возило на Итната медицинска помош е пренесено во велешката Општа болница.

Според информацијата од болница детето е вон животна опасност.

-Детето има нагмечување на главата и градниот кош. За секој случај е оставено на хирушкото одделение 24 часа на опсервација, информираат од болницата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1