Непознат женски леш вчера попладне бил пронајден на брегот на реката Вардар во гостиварското село Чегране.
По пријава на случајот, противпожарната екипа од Гостивар го извадила телото од водите, а полицијата извршила увид.
Како што информираат од МВР, од страна на семејството на почината извршено е препознавање, при што е констатирано дека се работи за Марија Ј.(71) од Гостивар.
По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција.