Вооружен маж држи како заложници најмалку две лица во златара во центарот на јужниот француски град Монпеље.
Овој инцидент се случи веднаш по ослободувањето на заложниците во северниот дел на Франција, но според властите, тој не е поврзан со нив.
– Станува збор за вооружен грабеж. Тој нема ништо заедничко со случувањата во Париз, изјави јавниот обвинител Кристоф Баре.
Полицијата го блокира реонот околку златарата.