Брачниот пар Новак и Јелена Ѓоковиќ за помалку од два месеца за прв пат ќе станат родители. Бебето би требало да се роди во Монте Карло, каде парот живее веќе неколку години.
Јелена веќе некое време не излегува надвор. Повремено во посета ќе и дојдат другарките и сестрата Марија, со која е многу поврзана.
-Новак нема да биде во можност да присуствува на породувањето, бидејќи тие дена има серија турнири во Азија. Веројатно кога синот ќе се роди, ќе прескокне некој турнир и барем една недела ќе биде со семејството. Новак и Јелена имаат неколку фаворити за име. Можно е наследникот да се вика Марко, по родениот брат на Ноле. Парот сака на детето да му даде некое интернационално име, а изборот падна на Марко, вели извор близок до семејството Ѓоковиќ.