Редизајнираните банкноти од 20 евра, кои ќе бидат во оптек од 25 ноември, ќе бидат посигурни и потрајни, а во ЕЦБ веруваат дека со новите сигурносни ознаки, ќе биде многу тешко да се фалсификуваат.
Новата банкнота од 20 евра беше претставена во февруари годинава и тогаш беше нагласено дека ќе содржи иновативни сигурносни карактеристики во облик на транспарентен “портретен прозорец“, кој, во одраз на светлина ќе го покажува портретот на митолошката фигура Европа опд двете страни на хартијата.
Како и новите банкноти од 5 и 10 евра, ќе го содржи и водениот жиг со портрет на Европа и “емералд бројот“.