Куклата Барби можевме да ја видиме во текот на годините во разни изданија, но најновата се разликува од сите други. Изгледа како класичната Барбика, само што оваа може и да зборува.
Компанијата Мател го претстави својот нов производ под наслов „Хелоу Барби“.
Новата Барбика е способна да води разговор со помош на платформа за препознавање на говор. Таа може да одговори на се што ќе и се каже, а може да раскажува приказни и да се шегува- потребна е само wi-fi конекција.
Втората вест е дека Барби од сега може да носи и рамни чевли, од балетанки до патики или кој било друг вид на чевли кои не вклучуваат вртоглаво високи потпетици.
Цената на куклата ќе биде 75 долари, но се уште не се открива датумот на нејзиното доаѓање на полиците во продавниците.