ГРОМ, партијата на центарот, ќе ги обедини и ќе ги собере на едно место хуманоста, добрината, љубовта кон земјата. Новата партија ќе стане јадро на сите успешни и вредни луѓе во заедничка мисија за Македонија.
Јакимовски вели отворен е да коалицира со сите „граѓани и луѓе што покажале резултати во животот, кои се хумани и вредни и луѓе што ја сакаат Македонија“, изјавил Јакимовски за МКД.МК
Партијата официјално ќе се промовира утре во 19 часот.