Нови 11 жртви на силување од оперската легенда Пласидо Доминго


Откако минатиот месец беше објавено дека осум пејачки и танчерки го тужат Пласидо Доминго за сексуално злоставување , денеска се јавија уште 11 со слични приказни за оперската легенда.

Меѓу нив е Ангела Тарнер Вилсон , која во 1999 била перспективна оперска пејачка , која требало да настапи заедно со тенорот Доминго на најзначајната претстава во нејзиниот живот.

Вечерта пред изведбата на операта ,,Le Cid” , Доминго влегол во шминкерницата и ја нападнал жената. Таа се опирала , но сепак му дозволила да ја злоупотреби зашто знаела дека настапот ос операта од Вашингтон е најзначаен во нејзината кариера, а Доминго бил уметнички директор на оваа оперска куќа.

Денес , наставничка по пеење , оваа 48 годишна жена е само една од дополнителните 11 кои ја раскажаа својата животна сторија и злоставувањето од Доминго.

Против него веќе се води истрага за наводите на првитер осум жени. Пласидо Доминго , на 78 – годишна возраст е директор на операта во Лос Анџелес.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1