Нови „бомби“ за случајот „Рекет“ (ВИДЕО)


На социјалните медиуми повторно осамнаа прислушувани разговори. Главен „актер“ во денеска објавените два аудио материјали, според оној што ги објавил снимките, е адвокатот Васил Димишков.

Обвинителството ги поседува и ги пушти во судница на затворено рочиште „бомбите“ за случајот „Рекет“, кои денеска беа објавени на ЈуТјуб, рече обвинителката Вилма Русковска за ТВ24.

Инаку, две нови нелегално снимени разговори, на кои наводно се слуша гласот на адвокатот Васко Димишков како зборува за случајот „Рекет“, објавени беа денеска на „ЈуТјуб“ од страна на корисникот потпишан како „Алибаба Тредичи“. Едната снимка трае 2:37, а другата 2:18 минути.
Но, како што истакна Русковска за ТВ24, разговорот бил исечен од аудио снимка која потекнува од самите докази во „Рекет“, а која обвинителството ја добило од Зоран Милески Кичеец.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1