НОВИ ДЕТАЛИ: Бобан се согласил да биде осуден, но не и да каже каде се парите


Трезористот Бобан С. (40), кој е осомничен за милионската кражба во НЛБ банка побарал да се спогоди со Обвинителството и со признание на вина да добие помала казна, но не и да каже каде се парите

Според извори во истрагата, Бобан С, кој е во триесетдневен притвор во затворот во Шутка, се согласил да биде осуден, но не и да каже каде се украдените 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра, а за која кражба дополнително беа осомничени неговиот брат Горан С.(44), неговиот пријател Борис М.(38) од Скопје како и Е.П.(24), вработена како банкарски комерцијалист во НЛБ.

Нема информации дали и тие како и Бобан С. за кој се смета дека ја осмислил кражбата, побарале да се спогодат со обвинителството. Во притвор се Горан С. и Б.М., а осомничената службеничка и натаму е во куќен притвор.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1