Алармот бил вклучен но реакцијата задоцнила. Дека Драган Манаилов побегнал од стражарското место со автоматската пушка в раце надлежните знаеле пред да се случи злосторот во Злетово. Колега на Манаилов пријавил дека го нема на позиција и дека со него е службеното оружје. Случајот бил пријавен и во полиција, но никој не знаел кој е планот на професионалниот војник. Истрагата која ја води комисијата формирана во министерството за одбрана засега нема резултат во потрагата по одговорниот за ваквиот пропуст. Од таму за Сител тврдат дека резултати ќе има наскоро. Дали само одговорниот во одвоениот објект на кумановската касарна имал должност да реагира или ќе се бара одговорност од воената полиција засега е непознато.
Сигурно е дека ќе се менува одредбата за користење и употреба на службено оружје. Тоа е метсото на кое алката во законскиот синџир е најслаба. Јанкулоска тврди дека полицијата внатрешно го решава проблемот и со прописис и регулативи сторго е конторлирано кој од службените лица и кога може да го користи оружјето.
– Доколку вработен во МВР стори кривично дело со елементи на насилство или добиеме какви било сознанија или информациии дека заради било кои околности во неговиот приватен живот постои можност да стори кривично дело со елементи со насилство, тогаш вработениот подлежи на дисциплински мерки кои подразбираат негова суспензија и раздолжување со личната опрема и вооружување. Тоа значи дека тој нема да ракува со оружје се до завршување на таа постпака, појасни министерката за внатрешни работи.
Јанкулоска бара и целосна општествена вклученост во нетолеранцијата на било каков вид насилство. Таа посчува дека инстоитуционалниот систем на комуникација функционира. Истрагата же треба да покаже каде во овој случај затаила размената на информации.