Нови детали за киднапирањето: Богатиот бизнисмен преку телефон ги слушал последните крици на својата ќерка!


Во Германија кај Дрезден било пронајдено телото на 17-годишната Анели Мери Р., ќерка на богат бизнисмен, која била киднапирана минатата седмица. Нејзините киднапери за неа барале 1,2 милиони евра.

Нејзиниот татко наводно го слушнал нејзиниот врисок за време на телефонскиот разговор со киднаперите, кои барале откуп. Германската полиција потврдила дека телото пронајдено вчера и припаѓа на Анели Мери. Истиот ден кога била киднапирана, нејзиниот татко добил телефонски повик.kidnapirana kjerka biznismen Screenshot_31

“За време на телефонскиот разговор, еден од киднаперите рекол дека Анели е киднапирана и дека бараат 1,2 милиони евра откуп. Во позадина можело да се слушнат крици, за кои претпоставуваме дека биле последните знаци на живот на Анели. Телефонскиот разговор бил многу краток и прекинат”, рекол шефот на дрезденската полиција, Дитер Крол

Родителите на киднапираната девојка добиле и писмено барање за откуп, со кое излегле во јавноста, велејќи дека ќе ги исполнат барањата на киднаперите.
“Киднаперите треба да знаат дека ќе ги исполниме барањата за да ја добиеме нашата ќерка назад”, рекле тие.

Полицијата тврди дека на телото на убиената тинејџерка немало знаци на сексуално насилство, но и дека сметаат дека била убиена бидејќи можела да ги препознае киднаперите, со оглед на тоа дека во момент кога ја киднапирале не носеле маски.

Несреќната Анели Мери била киднапирана додека го шетала своето куче. Преговорите со киднаперите не биле успешни, а полицијата го пронашла телото во напуштена фарма во селото Клипхаузен.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1