Нови детали за скандалот кој денеска го потресе Делчево. Според ексклузивните информации објавени на порталот Делчево денес, техничко лице а не професор го поставил својот телефон во соблекувалната за да ги снима ученичките додека се пресоблекуваат.
Иако повеќето медиуми објавија дека станува збор за професор, Делчево Денес дојде со сигурна информација според која лицето што ги снимало ученичките е вработено како техничар и одржувач на спортската сала во делчевската гимназија.
Станува збор за три ученички на возраст од 16 и 17 години од Делчево кои додека се пресоблекувале пронашле мобилен телефон кој бил вклучен да снима.
Полициски службеници од Полициската станица во Делчево извршија увид при што е утврдено дека мобилниот телефон е на 47-годишниот осомничен Б.Ѓ.