Нови луксузни бродови ќе пловат по Охридското езеро


Во Охридското езеро ќе запловат нови бродови. Приватни лица од градот се заинтересирани за изградба на современи пловила за панорамски прошетки и транспорт на туристите.

Бродовите ќе се градат во земјава а Охрид има стручен кадар за квалитетна посада, која безбедно ќе управува со нив.ohrid

– Современите текови во туризмот го чинат своето. Во Охрид има се повеќе странски туристи на кои што треба да им се понуди не само услуга транспорт туку и да им се понуди една покомплексна услуга. Така да има некои иницијативи кои што се во преразработка да кажам односно во фаза на изготвување на идејни решенија, вели Горан Устијаноски капетан во Капетанија на пристаништа на РМ.

Во моментов се изработуваат неколку идејни проекти за луксузни бродови, кои прво треба да добијат дозвола од Биро Веритас. Еден брод за превоз на 150 лица може да чини од 300 илјади до милион евра.

– Биро Веритас и администрацијата однсно Капетани на РМ го следат бродот во градба и прават записници дали соодвејствува фактичката со проектната состојба. И на крајот се прават пробно возење мерење на стабилитетот се дава сертификат и пловилото отпочнува со работа, додава Устијаноски.

Белата флота на Охридското езеро денес брои четири поголеми бродови. Тие преку цела година возат до манастирот Свети Наум, организираат панорамски прошетки, забави и свадби.

извор: Охриднет

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1