Нови мерки за заштита од ширење на коронавирусот, затворање на кина, театри, кафулињата да работат до 18ч.


Новите мерки се на предлог од Комисијата за заразни болести, а ќе се разгледаат денеска на владина седница.

– Кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот и внатре капацитетот да биде преполовен, што значи да се задржи дистанцата од метар ипол до два меѓу луѓето кои престојуваат таму. Да се откажат сите кино проекции, театарски претстави и концерти. Во разговор со сите јавно здравствени установи се откажуваат сите хронични пациенти чија интервенција претходно закажана може да се одложи, ќе има само итни неодложни хирушки интервенции. Една дополнителна мерка се однесува на продолжубање на терапијата на хроничните пациенти кои досега требаше да одат на лекар специјалист, од следните денови ќе можат да се обратат кај матичниот лекар. Ова нема да важи за новодијагностицираните пациенти, рече Филипче.

Како што кажа тој, мерките се на предлог од Комисијата за заразни болести, а ќе се разгледаат денеска на владина седница.

Предложените нови мерки за заштита од ширење на коронавирус:

Забрана за сите јавни и приватни собири (концерти, кино, театар, фитнес центри и слично )

Кафулињата и рестораните ќе работат до 18 часот со преполовен капацитет

Во болниците ќе се вршат само итни и неодложни хируршки интервенции

Препорака до верските заедници строго да се придружуваат до мерките

Матичните лекари наместо специјалистите ќе препишуваат терапија за хронично болните

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1