Едно лице тестирано на корона, лесно влошување на состојбата кај тројца од деветмината заболени пациенти


Едно лице тестирано на корона, резулатите ќе бидат готови за неколку часа. Тројца од деветмината заболени имаат лесно влошување на стостојбата, сите се повозрасни од 65 години.

Blood sample with respiratory coronavirus positive

Едно лице кое што било во Германија е тестирано за корона вирус и резултатите ќе бидат готови за неколку часа, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Лицето од Германија се вратило здраво, но деновиве добило покачена телесна температура.

Од деветтемина пациенти кои имат коронавирус и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, шест се во стабилна здравствена состојба, а кај тројца од нив има лесно влошување што значи имаат поотежнато дишење, но се уште не е потребна респираторна поддршка и се интензивира терапијата. Тројцата се на возраст над 65 години. Утрово на редовниот состанок на Комисијата за заразни болести разгледавме дополнителни мерки, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата.

Посочи дека во текот на ноќта немало тестирани пациенти, а пациент кој здрав се вратил од Германија на 7 март, изутрината со висока температура се јавил на Инфективната клиника и се очекуваат неговите резултати. Се очекуваат резултатите и на сите кои биле во изолација, а во врска со првата пациентка на кои им истекол 14-дневниот период на изолација.

– Имавме разговори вчера и со колеги од Италија кои укажаа на тоа дека во одредени делови на земјата, пред се во северните делови каде епидемијата започна дури по воведувањето на најригорозните мерки нема регистрирани нови случаи. Тоа се однесува на градот каде почна епидемијата, затоа многу ригорозни мерки сега тие воведуваат и во другите делови на Италија, во јужните делови каде нема голем број пациенти, што укажува дека треба да бидеме порадикални, истакна Филипче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1