Нови шест случаи на заболени од жолтица во Скопје


Бројот на заболени од жолтица во Скопје се искачи на 72, евидентирани се шест нови случаи.

16 од нив се лекуваат на Инфективната клиника, двајца во Градската општа болница „8 септември“ и се во добра состојба, а сите останати се пуштени на домашно лекување.

infektivnaОд нив, 16 се лекуваат на Инфективната клиника, двајца на инфективното одделение во Градската општа болница „8 септември“ и се во добра здравствена состојба, а останатите се пуштени на домашно лекување.

Најголем број од заболените, односно 27 се на возраст од 3 до 14 години, 21 лице се на возраст од 29 до 40 години, 19 лица на возраст од 16 до 25 години, а шестмина заболени се на возраст од 48 до 55 години.

Најмногу заболени има во Шуто Оризари, а по неколку заболени има речиси во сите општини во Скопје, односно во Аеродром, Карпош, Центар, Чаир, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Илинден и Бутел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1