Млада скопјанка се фрлила во Вардар од мостот “Око“, Алфите ја спасиле


Поводот за посетата на министерката за внатрешни работи на Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА е средба со полициските службеници кои учествуваа во спасувачката акција и успешно спречија обид за самоубиство на едно лице пред неколку дена во Скопје. Во акцијата за спасување, како што посочи таа, учествувале припадниците на единицата АЛФА на Единицата за јавен ред и мир и полициските службеници од полициската станица за општа надлежност Центар.most-oko

– Се работи за настан кој што беше евидентиран на мостот „Око“ каде што жена на возраст од 36 години со скокање во реката Вардар се обиде да си го одземе животот. Благодарение на брзата реакција на припадниците на МВР од неколку организациски единици, жената беше спасена и извадена од водите на Вардар. Навистина, ваквите настани заслужуваат одбележување и практично се потврда за пожртвуваноста на полициските службеници кои совесно ги извршуваат своите задачи и покажуваат дека полицијата, освен во оние секојдневни активности по кои можеби сме препознталиви, а се однесуваат на репресивното спроведување на законите, работи и е мотивирана од хуманитарни цели, во функција на спасување човечки животи и задоволување на потребите на граѓаните, рече Јанкулоска.

Денешната посета, како што истакна таа, ја искористила, покрај за честитки до припадниците на МВР кои учествувале во спасувачката акција, да поразговара и за предизвиците со кои тие се соочуваат во секојдневната работа и по трансформацијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1