Нови триесет дена притвор – дадилката која тепаше бебе останува во затвор


Дадилката од Ѓорче Петров обвинета за малтертирање на 9-месечниот Даријан доби нови триесет дена притвор.

По подигнувањето на обвинителниот акт Кривичниот суд и го продолжил престојот во Шутка до 5 декември, потврдија од судот за Канал 5.dadilka tepa2

Дадилката-монструм беше снимена како крвнички тепа деветмесечно бебе за кое требало да се грижи и ќе одговара за запуштање и малтретирање на малолетно лице.

Од Обвинителството соопштија дека против неа е поднесен обвинителен акт и дека до почетокот на судењето таа ќе остане во притвор.

Случајот кој ја згрози и револтираше домашната јавност беше откриен на почетокот на септември откако родителите на Даријан одлучија снимката да ја објават во медиумите. На неа јасно се гледа како Т.С. (61) брутално и бездушно го удира по главата и телото беспомошното бебе кое плаче на цел глас.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1