Сопствениците на куќа во Хановер во Пенсилванија тврдат дека нивната куќа е опседната од духови и демони, а еден новинар бил повреден додека престојувал кај нив и снимал прилог.
Деана Симпсон тврди дека во таа куќа живее седум години и дека има фотографии кои го докажуваат постоењето на духови како и дека има снимки на кои се слушаат нивни гласови, детско смеење и лаење на кучиња кои не биле во куќата.
Симпсон за TV Fox 43 рекла дека еден од духовите е демон и дека успеала да го фотографира. Таа тврдела дека демонот е висок.
Новинарот на Fox Ник Петрило, кога влегол во куќата за да направи сторија, на својата рака почувствувал како нешто го пече, а потоа на дланката видел дека има гребаница.