Кој ќе ги плаќа придонесите – хонорарецот или работодавачот?


Толкувајќи ја содржината на законските измени за кои се уште нема подзаконски акти, сметководителите и авторските агенции имаат различно мислење за тоа дали давачките ќе паднат на товар на лицето кое ги прима или на фирмата која ги исплаќа парите, но се единствени околу тоа дека е нелогично вработените два пати да плаќаат здравствено осигурување пишува Вечер

denari-1_011110Дали хонорарните заработки ќе се намалат, кој ќе ги плаќа новите давачки за приходите од авторски договори и договори за дело, како ќе се пресметуваат, кој ќе ги процесуира до надлежните институции, што ќе значат за стажот и висината на пензијата, се само дел од прашањата што се отворија во јавноста, но и меѓу стручните лица, по законските измени со кои и на приходите од хонорари ќе се плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Сметководителите и авторските агенции преку кои сега одат хонорарите укажуваат на низа нејаснотии и очекуваат дека ситуацијата ќе се разбистри до стартот на примената на оваа законска новина, преку навремено донесување на подзаконските акти.

Со измени на законската регулатива предвидено е на заработките од авторски договори и договори за дело да се плаќаат социјалните давачки, кога нивната висина ја надминува минималната плата, која од први јануари, кога ќе почнат да се применуваат ќе изнесува 9.590 денари. Сметководителите имаат различни толкувања околу тоа кој ќе ги плаќа придонесите – хонорарецот или фирмата што го исплаќа хонорарот. Според Горан Рафајловски од “Рафајловски консалтинг”, содржината на Законот е сосема јасна и нема голема потреба од доуредување со подзаконски акти.

Тој е дециден дека обврската за плаќање на придонесите на хонорарите е на работодавачите. Тие ќе ги уплатуваат, а лицето кое го зема хонорарот не би требало да има обврска да ги пријавува во Фондот пензиско и инвалидско осигурување, зашто по примерот на платите, уплатата на придонесите автоматски би требала да се регистрира преку софтверот на Фондот. Рафајловски објаснува дека придонеси ќе се плаќаат за хонорарите и на вработените и на невработените, а исклучок се пензионерите.

– Плаќањето придонес за пензиско осигурување и за хонорарот на вработените на кои тој им се плаќа и преку фирмата во која работат, нема да влијае на стажот, исто како што не влијаат ниту прекувремените часови работа. Но, уплатениот хонорар ќе влезе во основицата за пресметка на пензијата. Единствено ми е спорно решението здравствено осигурување да се плаќа и на хонорарите за вработените. Не ми е јасно зошто тие треба два пати да плаќаат за една иста услуга – вели Рафајловски.

Новото законско решение сосема поинаку го толкува Валентин Даневски, одговорен за сметководство во “Биро консалт”. Тој смета дека содржината на законот наведува на тоа дека придонесите ќе си ги плаќаат лицата кои ги земаат хонорарите. Бидејќи според нашата законска регулатива во моментов тоа не е можно, тој очекува дека ова прашање ќе се реши со подзаконските акти. Исто така, тој смета дека е нејасно дали и платата ќе се пресметува во лимитот од 9.590 денари над кој ќе се плаќаат и придонесите.

Сега на хонорарните заработки се плаќа само персонален данок на доход од 10%, а освен ова, од 1 јануари ќе се плаќаат и придонеси за пензиско и за здравствено осигурување чии стапки се 18% и 7,3%. За разлика од платите, за хонорарите нема да се плаќаат дополнителното здравствено осигурување од 0,5% и придонесот за вработување од 1,2%.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1