Новинари настрадаа во потрага по ексклузивни фотографии


На местото каде што пред неколку дена автомобил намерно се залета и летна во водите на реката Сава, се случи уште еден инцидент. Новинарска екипа настрада сакајќи да направи ексклузивни фотографии од местото на настанот.

hr-nesreka500

Додека летале над местото на настанот се урнал беспилотниот авион, а според неофицијални информации ситанува збор за екипа на хрватската Нова ТВ.

Инаку, загребската полиција го ивлече од водите автомобилот марка „фиат пунто“, со кој управувала 44-годишната З.М.

Според полицијата се работи за самоубиство, бидејќи З.М. неколку часа пред да замине со автомобилот од дома оставила проштално писмо на своите деца. Жената се опростила и од своите пријатели на Фејбук. Се претпоставува дека се одлучила за самоубиство бидејќи боледувала од рак.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1