Новинарка на 24 Франс ќе била силувана сред плоштадот во Каиро (Видео)


Новинарката на Франс 24, Соња Дриди, била мета на напад на група на протестанти во Каиро, кои се обиделе да ја силуваат, но благодарение на нејзиниот тим и колеги со кои била за време на снимањето, немилиот настан бил избегнат.

Групата ја опколиле Дриди, која известувала од плоштадот на кој претходно била нападната и силувана Лара Лога, новинарка од Си-Би-Ес и почнале да ја фаќаат по целото тело, а потоа се обиделе да ја соблечат.

За среќа нејзиниот колега, Ашраф Калил дописник за магазинот „Тајм“ и за Франс 24 реагирал навремено и успеал да ја оттргне од толпата мажи.
Ашраф силно ја прегрнал Дриди со цел да ја заштити, а потоа се упатиле во еден ресторан каде ја заклучиле вратата и чекале се додека не стигнала помошта.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1