Новинарка снимала документарец за племе во Амазон – се омажила за водачот (Видео)


Британската снимателка Сара Бегум снимајќи документарен филм за еквадорското племе Хуароани, не очекувала дека ќе заврши со нов сопруг.

Всушност, снимателката и новинарка одлучила да се омажи за водачот на племето со цел дополнително да привлече внимание од нафтените гиганти што постојано ја уништуваат прашумата, но и домот на племето што има нешто повеќе од 3 илјади членови.

Односите со странците не биле баш најдобри, уште од педесеттите години од минатиот век кога пет американски мисионери ги загубиле животите додека се обидувале да се инфилтрираат во племето.omazi1-630x378

Сепак Сара била добредојдена, научила да лови, да плете трска, а на крај и се „омажила“ за педесетгодишен воин со име Гинтко. Станува збор за симболичен гест со цел да се прошири пораката за настојувањето на племето да стави крај на немилосрдната експлоатација на прашумата од страна на нафтените компании.

Но за Сара поради јазичната бариера, на почеток не и било јасно за што станува збор.

„Старешините ме избраа и на почеток не сфатив што ми се случува. Ме повикаа во колибата во која сите беа голи. Ми кажаа дека изработуваат традиционална носија, а всушност станува збор за лента или мала сукња која се носи околу струк. Не е дури ни танга. На почетокот не сакав да се соблечам пред камерите, но сакав да дознаам повеќе за нивната традиција па на крајот попуштив“, вели новинарката.

И така Сара станала кралица: „Ми дадоа пијалак и ново име пред да се омажам за најпопуларниот воин од племето, за Гинтко“.

На почетокот била шокирана, но и објасниле дека од неа не се очекуваат никакви сексуални активности, туку дека станува збор за ритуал, преку кој се гради довербата меѓу домородците и членовите на племето.

Сара е само една од многуте туристи со кои членовите на племето се дружеле во текот на изминатите години, но венчавките сепак не се толку честа појава иако нешто слично се случило пред две години, за потребите на документарен филм на Би-би-си.

„Се започна во 2010 година. Дадов отказ, ја искористив заштедата, ангажирав снимател од Њујорк и тонец од Портсмунт. Малку истражував за да дознаам што повеќе за ова племе и едноставно се упатив таму“, објаснува Сара.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1