Новинарот Кежаровски го открил името на заштитниот сведок во текст од 2008 година


Новинарот на весникот „Нова Македонија”, Томислав Кежаровски е уапсен поради текст што го објавил во ноември 2008-ма година во тогашниот двонеделен магазин „Репортер 92″, објави Нетпрес.

g_tomce-kezarovskiСпоред информациите што ги откривме објавени во 2008-ма, магазинот во кој што во тоа време пишувал и Кежаровски на 20-ти ноември објавил текст и факсимил од записникот од судењето за нарачаното убиството во велешко Ореше во кој што било наведено и вистинското име на заштитениот сведок „Бреза” – Златко Арсовски, пишува Нетпрес.

„Репортер 92″ објавиле дека во предметот против браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски, недостигале повеќе докази, поточно резултатите од вештачења на оружје, облека, догорче од цигара, траги од стапала и за присуство на барут, како и записот од детекторот за лаги. Како нарачетел на убиството се обвинуваше Ѓоре Петровски кој долги години живеел во САД. Петровски поради обвинението за нарачано убиство беше екстрадиран во земјава.

Поради објавата на факсимилот од записникот и наводна кражба на предметот од велешкиот суд неколку месеци подоцна беше разрешен и судијата Валентин Зафиров што го водеше судењето за убиството на Лазар Милошевски.

Убиството на седумдесет и четиригодишниот Милошевски беше извршено во декември 2005-та година. Убиството се уште останува не решено откако во март годинава судот ги ослободи од обвиненијата сите браќата Ѓоргиевски и Петровски бидејќи Арсовски ја повлече својата изјава дадена како заштитен сведок и тврдеше дека таа ја дал под закана и притисок, додавајќи дека нема информации дека тројцата обвинети се извршители на убиството.

lisiciАрсовски на петти февруари годинава пред судот наместо како заштитен како обичен сведок им се извини на Ѓоргиевски и на Петровски и рече дека се’ што дотогаш зборувал пред судот било лага.

„Се извинувам на браќата Ѓоргиевски на Ѓоре, и се срамам тоа што го говорев толку време. Се им намести Вељо, тоа е зет за внука на убиениот, кој ми кажа што треба да зборувам, таа изјава јас ја потпишав. Се беше лага, што досега зборува, ова е вистината. Инспектор од ДБК кој беше задолжен за мене, пред секое мое појавување во суд, истражен, ми ја даваше да ја прочитам, да ја знам напамет и да ја повторувам. Така лагата стана вистина. Ми ветуваа 15 илјади евра, да заминам во странство, сопругата да ја вработат, но ништо од тоа не се случи.. каков заштитен сведок, јас уште првиот ден бев пробиен, сите го знаеја мојот идентитет. Во притвор во Шутка дури и затворениците ме викаа кодош, шпион. Животот ми беше загрозен, еден затвореник се обиде и со виљушка да ме прободе. Решив да ја кажам вистината, откако не ги исполнија ветувањата кои ми беа дадени”, рече Арсовски, кој пред Основниот суд во Велес говореше околу два часа.

Инаку, Кежаровски е уапсен утрово заедно со еден поранешен и еден актуелен судија, јавен обвинител и уште неколку лица. Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, во големата полициска акција вкупно се уапсени деветмина и направени се претреси на повеќе локации. Уапсените веќе се однесени пред истражен судија во Основниот суд 1 во Скопје. Од МВР повеќе информации за случајот најавуваат во текот на денешниот ден.

Net Pres

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1