Најавените измени на Деталниот урбанистички план предизвикаа загриженост кај жителите на Карпош 4, објави Телма.
Според нив, со Планот се предвидува големи локации на кои има паркови и продавници, да бидат пренаменети за изградба на паркинзи и станбени згради со деловни простории, на што тие се противат.
Станува збор за просторот на улицата Волгоградска, кај ОУ „Петар поп Арсов“, паркинзи на улицата Вич и спроти трговскиот Сити мол.
Од општина Карпош велат дека деталниот урбанистички план се уште не е стасан на дневен ред пред советниците за да гласаат. Жителите на овој дел од градот најавуваат протести, петиции и други форми на отпор за да се спречи, како што велат, узурпацијата на животниот простор.