Ново извлекување за наградната со фискални на 27 јануари – поевтино праќањето преку пошта


На 27 јануари ќе се одржи второ извлекување од наградната игра „Фислана во рака, награда без мака“. Учествуваат сите фискални сметки издадени по 15 ноември, кога почна наградната игра, а ќе може да се испратат по пошта за половина цена односно по осум денари за плик. За таа цел Македонски пошти изработи наменски марки за наградната игра кои се пуштени од денеска во промет, а чинат осум денари, јавува Миа.

fiskalna smetka– На ваков начин граѓаните ќе можат да ги испратат пликовите за двојно пониска цена, рече вицепремирерот и министер за финансии Зоран Ставрески на промоцијата на новите поштенски марки, кој очекува поголемиот дел од пликовите да бидат испратени преку пошта.

Покрај поштата и за второто извлекување ќе биде поставен пункт за пуштање на пликовите, а се водат и разговори за поставување пунктови во поголемите трговски центри и маркети и во другите градови во земјата.

Во второто извлекување главната награда е автомобил фолксваген поло, а има и 150 парични награди од 1.000 до 60.000 денари. Граѓаните можат да ги испраќаат пликовите до 26 јануари на полноќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1