Ново намалување на горивата – Од вторник ќе возиме поевтин бензин


Американската лесна нафта за испорака во мај поевтини на берзата во Њујорк за 72 центи на 48,15 долари за барел додека нафтата од типот „брент“ на берзата во Лондон се тргува за 56 долари по буре, што е за 41 цент пониско од петокот јавува Франс Прес.

Главна причина за поевтинувањето на енергенсот е конфликтот во Јемен.

benzin benziska mk3

Во однос на цените врз основа на кои Регулаторната комисија за енергетика ги формираше малопродажните цени на горивата во Македонија претходната недела, денешната цена е поевтина за речи си 2 долари по барел.

Тоа значи дека по растот на цените претходната недела, имаме значајно поевтинување што може да резултира со блага корекција на малопродажната цена во Македонија која врз основа на овие цени на берзата во Лондон би можела да се спушти за еден до два денари по литар.

Минатиот понеделник регулаторите ја спуштија цената на дизелот за 2 денари по литар додека цената на бензините остана непроменета.

Литар Еуросупер од 95 октани во моментов се точи за 67,5 денари по литар а 98 октанскиот бензин е 2 денари поскап.
Дизелот во моментов се точи за 53,5 денари по литар.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1