Хаг си игра играчки: Прво го избрка а сега бара Шешељ да се врати за пак да разгледувале пуштање


Лидерот на (Српска радикална партија) СРП, Воислав Шешељ, мора да се врати во Хаг, соопштија од Хашкиот трибнал, пренесуваат српските медиуми.

Жалбениот совет наложи да се поништи одлуката за привремено пуштање на Шешељ на слобода, и тој да се врати во притворскта единица на Трибуналот.seselj2

Потоа, Србија и Холандија, повторно ќе се изјаснуваат за неговото пуштање на слобода, а Претресниот совет повторно ќе ја процени можноста на Шешељ да му биде дозволено привремено излегување на слобода.

Судскиот совет го одобри пуштањето на лидерот на СРПод Хашкиот трибунал на 6 ноември 2011 година, а причината беше за да се овозможи лекување на метастазите од рак на црниот дроб.

Шешељ е пуштен со гаранција на Владата на Србија, иако тој ја одби.

Како што беше порано соопштено, условите за пуштање на Шешељ на слобода подразбираат куќен притвор, полициска придружба за време на движењето за медицински потреби, забрана на комуникација со жртвите во врска со неговиот случај, забрана за јавно разгледување на неговиот случај, а се спомнуваше и забрана за учество во политичкиот живот, како и одземање на пасошот.

Меѓутоа, условите за негово пуштање не се соопштени и се држат во тајност.

Шешељ активно учествуваше во политичкиот живот во Србија, држеше говори по митинзи и учествуваше во акции на СРП, но од пуштањето не зборувал за работи поврзани со обвинението против него во Хаг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1