Ново партнерство – “20th Century Fox“, “Panasonic“ и “Samsung“


Трите компании се здружуваат за да овозможат најдобро доживување при гледањето на видео содржини со помош на HDR10+ технологија.. Овие три компании заедно ќе формираат единица за издавање на лиценци која од јануари, 2018 година ќе почне да издава лиценци за HDR10+. Лиценците ќе се издаваат на компании кои креираат содржини, на произведувачите на телевизори со ултрависока дефиниција, блу-реј плеери и сет-топ боксови, како и на СоЦ продавачи, без финансиски надоместок, само за номинален административен надоместок. 

HDR10+ jе најновата технологија за екрани од следната генерација која овозможува беспрекорен квалитет на сликата, при што осветленоста, бојата и контрастот автоматски се поставуваат за секоја сцена.

Постојат неколку клучни предности за партнери кои сакаат да ја превземат оваа платформа за своите HDR10+ производи. HDR10+ нуди флексибилност на системот, овозможувајќи им на различните партнери во оваа платформа да вградат и свои производи и со тоа да го збогатат корисничкото доживување на корисниците. Платформата HDR10+ е дизајнирана за да овозможи понатамошен развој и иновации за да би можело во наредните години да имаме уште помоќна технологија.

Посетителите на овогодинешниот ИФА саем ги повикуваме да ги посетат штандовите на компанијата Самсунг и Панасоник како би дознале повеќе информации за HDR10+ технологијата.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1