Би-Би-Си објави репортажа под наслов „Лов на златниот пиштол на Гадафи“ во кој се прикажани последните моменти од животот на соборениот либиски лидер Моамер Гадафи.
На снимката се гледа претепаниот Гадафи меѓу група борци од либиската опозиција. Ова е најдобра снимка од неговите последни моменти. Исто така на снимката е прикажан златниот пиштол кој го држи еден млад човек, а Гадафи од овој пиштол никогаш не се двоел.
Во четиринаесетминутната репортажа се зборува за тоталниот распад на Либија и за анархијата која завладеала. Голем дел од територијата, меѓу кои и родниот град на Гадафи во кој беше и убиен, е под контрола на Исламската држава.