Машко починато лице вчера околу 10:45 часот било пронајдено на селските гробишта во неготинското село Пепелиште.
Како што дознава Курир, починатиот е 86- годишниот Вељо А. од истото село кај кого на телото биле забележани видливи траги на насилство.
Во врска со убиството, полицијата привела едно лице кое се сомничи дека е сторител на делото.
Извршен е увид на местото на убиството од каде се подигнати траги и предмети кои се предадени на вештачење. Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.