Ново убиство: Маж пронајден мртов на гробишта во неготинско


Машко починато лице вчера околу 10:45 часот било пронајдено на селските гробишта во неготинското село Пепелиште.

Како што дознава Курир, починатиот е 86- годишниот Вељо А. од истото село кај кого на телото биле забележани видливи траги на насилство.policijaMKD

Во врска со убиството, полицијата привела едно лице кое се сомничи дека е сторител на делото.

Извршен е увид на местото на убиството од каде се подигнати траги и предмети кои се предадени на вештачење. Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1