Новоизбраниот претседател на Словачка се откажа од платата


Новиот словачки претседател Андреј Киска, кој беше избран во саботата, се откажа од платата на шеф на државата за целиот петгодишен мандат, јави ИТАР-ТАСС.

SR Bratislava prezident kandidát vo?by podpisy odovzdanie BAXНезависениот кандидат Киска, кој е бизнисмен и филантроп, во својата предизборна вложи лични средства во износ што го надминува сето тоа што тој ќе го заработи како плата во својот претседателски мандат.

Претседателот на Словачка добива плата од 6.000 евра, а годишниот приход на Киска од неговите инвестиции во различни фондови изнесува околу 700.000 евра.

Киска во Словачка го сметаат за ново лице во политиката. Но, тој од 2006 година е добро познат како филантроп и донатор. Неговиот хуманитарен фонд „Добриот ангел“ од тогаш им има помогнато на околу 5.000 деца, кои се лекуваат од онколошки заболувања.

Киска беше избран за претседател во вториот круг од изборите, со над 59 проценти од гласовите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1