Новороденче голо оставено на трева во Топанско Поле – позната неговата состојба


Новороденче голо било оставено на тревник во скопската населба Топанско Поле, информира „Слободен печат“. Случаен минувач го слушнал плачењето на новороденчето и пријавил во полиција.

Од Клиниката за детски болести велат дека, иако бебето било оставено во несоодветни услови, сега е во добра општа состојба.

– По папочната врвца и состојбата може да се заклучи дека бебето е родено вчера. Донесено беше голо, но веднаш ставено во инкубатор да се загрее. Дадена е соодветна терапија и засега е во добра состојба – вели Катерина Ставриќ, директорка на Детска клиника.

Таа нагласува дека досега ваков случај, штотуку родено бебе да биде оставено на улица, немале. Од полиција велат дека работат на откривање на идентитетот на мајката и околностите во кои новороденчето било оставено во тревата веднаш по раѓањето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1