Објавено ВИДЕО од моментот на убиството на ракометарот Денис Тот


Вознемирувачка снимка од моментот на физичкиот напад и убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот (27) се појави денеска на twitter , на кој се гледа бруталноста на напаѓачите пред скопската дискотека „Привилиџ“.

Тот почина нецели 24 часа после нападот откако во тешка состојба беше примен на интензивна нега на КАРИЛ, на скопската клиника, а двајца од тројцата осомничени полицијата ги уапси и судот им одреди 30 дневен притвор, додека прво осомничениот е сѐ уште во бегство.

Сѐ уште не е позната причината поради која Тот бил нападнат, а сѐ заврши со трагедија откако обдукцијата покажа дека тој имал тешки повреди на мозокот здобиени од ударите и од падот после нападот.

Видеото од безбедносните камери и физичкиот напад врз Тот може да го погледнете ТУКА.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1