Обама им удри мерак на Македонките


Малик Обама, братот на американскиот претседател Барак Обама, вчера во Скопје ја прими Повелбата за мир, која веќе втора година ја доделува меѓународната асоцијација “Балкански клуб на мирот”. Повелбата и беше доделена на Фондацијата “Барак Обама Хусеин”, која е именувана по името на таткото на претседателот Барак Обама, кој ја основаше тој пред пет години.

Malik-ObamaПретходно Малик Обама беше во посетата на Спомен-куќата на Мајка Тереза, каде што изјави дека земјата има убави жени, дека Македонија има богата историја, а времето било одлично.

– Среќен сум што имам можност, на покана на Меѓународната асоцијација Балкански клуб на миротт, да ја посетам оваа балканска држава. Ви ги пренесувам поздравите од моите сограѓани од Кенија и од Африка и мислам дека оваа посета ќе направи добар мост меѓу нашите народи и дека заедно ќе се посветиме за подобар свет. Привилегија е денеска што нашата Фондација ја добива оваа награда. Ако видиме што се случува во светот и најновите настани во Египет, ќе ви биде јасно дека мирот е многу важна работа. Сите треба да уживаме во слободата, во животот и да се трудиме кон подобра иднина, нагласи Малик Обама.

Малик Обама во март годинава се кандидираше на гувернерските избори во Кенија, но освои помалку од еден отсто од гласовите. Медиумите тогаш пишуваа дека тој има дури 12 жени, што е спротивно од правилата на исламот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1