Обдукција на телата на терористите, доказите собрани од Диво насеље


Утринава надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција заврши со распитот на триесетте члена на терористичката група, по што до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор.obvinitelstvo-skopje

Осомничените се теретат за сторени кривични дела „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” од чл. 313 и „Здружување заради непријателска дејност” од чл. 324 од Кривичниот законик, а дел од групата и за кривично дело „ Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” од чл.396 ст.2 вв ст1.

Во текот на вчерашниот ден, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција изврши увид на местото на настанот во Куманово, во населбата „Диво насеље” и прибра докази кои смета дека ќе бидат од значајна корист во понатамошната истражна постапка.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издаде Наредба за обдукција на сите починати лица. Истражната постапка продолжува.​

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1