Пејачката која исчезна во саботата а потоа беше пронајдено нејзиното безживотно тело е убиена со тврд предмет по удар во главата.Резултатите од обдукцијата исто така покажале дека Јелена (33) не била силувана.
Тим на форензичари од белградската полиција на местото каде вчера беше пронајдено телото на убиената пејачка на Гранд, Јелена Крсмановиќ.Се пребарува теренот повторно односно каналот каде Јелена беше пронајдена, со цел пронаоѓање на предметот за кој постои сомневање дека со него е убиена.