Обединетите нации имаат оддел и за вонземјани


Претседателот на Обединетите нации, во оквирот на голем број на задолженија кои ги има на оваа функција, задолжен е и за вонземјаните.

jeremic-i-vanzemaljci

Имено ОН, за работата на вонземјаните објави и на својата официјална страна на која што било навестено дека на 14 јануари е била одржана седница на генералното собрание, на која едногласно биле усвоени декларации за мирно решавање на проблемите во универзумот.

На истото биле детално објаснети причините и начините на решавање на конфликтите надвор од нашата планета.
„Длабоко сме уверени во заедничкиот интерес на луѓето во истражувањето и промовирањето на вонземјанскиот свет, сакаме да мотивираме се повеќе земји да учествуваат во овој важен проект, кој е од интернационална важност.

Сите земји, со акцент на оние со појака вооружена сила, треба да се вклучат во овој проект на мирољубиво решавање на проблемите во вселената“, пишува меѓу останатото во усвоената Резолуција 67/113.

DokumentИнаку, Бирото за вонземјански работи при Обединетите нации е оформено во далечната 1958 година. Од мала група на научници стана репрезентативно оделение на Советот за безбедност чија улога ја има во вселенските мисии.

Седиштето на оаа организација до 1993 година се наоѓало во Њујорк, по што е префрлено во Австрија.
На чело на организацијата се наоѓа Мазлан Отман, педесет годишна астрофизичарка.

Нејзината функција е да ги координира активностите на земјите членки на ОН во вселената. Доколку некогаш вонземјаните се појават оваа личност и официјално е задолжена за прва која што ќе стапи во контакт со „малите зелени“ и да се сретне со нив доколку слетаат на земјата.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1